БАС Тути Фрути е лоцирана во срцето на Балканот во главниот град на Р.Македонија-Скопје на површина од 15.000 м2 и 7.500 м2 покриеност и завзема значајно место помеѓу регионалните лидери за производство на PET (Polyethylene therephthalate) амбалажа за полнење на вода, сокови, газирани и негазирани пијалоци, пиво и вино како и за пакување на хемиски препарати.

Менаџерскиот Тим од своето основање се стреми кон достигнување на успех во светски рамки преку вложување во современа технологија за производство и контрола како и остварување на добра производна пракса. Компанијата е горда на својот персонал од млади ентузијасти кои се постојано во тек со најновите достигнувања во светот на пластичната амбалажа и нивно спроведување.

Компанијата располага со:

  • објект за производство кој е поделен во два погона
    Погон 1- за производство на ПЕТ претформи (Injection Molding),
    Погон 2 - за дување на претформите и формирање на шишиња (Blow Molding),
  • сопствена лабораторија за контрола на квалитет,
  • соодветно прилагодени магацини за суровини и готов производ,
  • сопствени транспортни возила.

БАС Тути Фрути го следи успехот на купувачите и на обостран интерес континуирано го зголемува асортиманот на калапи за претформи и шишиња. Еден од клучните фактори за придобивка на 90 ‰ од пазарот во Р.М и проширување на Косовскиот,Албанскиот,Српскиот и Грчкиот пазар е широкиот асортиман на производи со кои располагаме. Претформи (15,5 g ÷ 163 g) со специфичен навој (neck finish) и спектар на бои по избор на купувачите како и шишиња со различен волумен (0,3 L - 10 L) и дизајн.

БАС Тути Фрути работи во согласнот со "COMMISSION REGULATION (EU) No 10/2011 of 14 January 2011 on plastic materials and articles intended to come into contact with food"

Загарантирана безбедност потврдена со анализи во врвни надворешни Институти и квалитетни производи потврдени со задоволството на нашите купувачи се наше обележје веќе 20 години.

Безбедните и квалитетни производи,применетата практика и целокупната услуга што ја нуди БАС Тути Фрути ги задоволува критериумите на British Retail Consortium with Institute of Packaging и PepsiCo критериумите за добавувачи за PET амбалажа за пијалоци.


Историја

БАС Тути Фрути е основана во 1992 год. започнувајќи фамилјарен бизнис за производство и полнење на сокови. Набргу компанијата за своите потреби во индустријта со сокови набавува дувалка за дување на PET претформи. Ова е и првиот чекор кон она што БАС Тути Фрути е денес. Следејќи ги потребети на Македонскиот пазар компанијата ја пренасочува својата дејност од производител на сокови во производител на пластична амбалажа претежно за пијалоци. Во 1997 година компанијата ја проширува својата дејност во производител на PET претформи и шишиња и за кратко време се наоѓа на листата први најуспешни компании во Р.Македонија.


Визија

ПЕРФЕКЦИЈАТА НЕМА ЛИМИТИ

И нашата Визија нема граници.

Со голем чекор одиме кон нови предизвици не заборавајќи на моралните вредности почитување и грижа за вработените, купувачите и околината во која живееме.